ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за февруари 2023

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за февруари 2023

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.02 – 28.02.2023 година вкупниот промет изнесувал 221.410.422 денари и е зголемен за 12.55 отсто во однос на претходниот месец. 

Класичното тргување изнесувало 203.633.329 денари и е зголемено во однос на јануари за 3,51 отсто кога изнесувало 196.725.821 денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 144.436.862 денари и обврзници во вредност од 40.687.967 денари.

Блок трансакциите за февруари изнесувале 17.777.093 денари.

Бројот на трансакции во февруари изнесувал 764 и е намален за 14,83 отсто во однос на јануари кога изнесувал 897.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за февруари се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема Макпетрол АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за февруари 2023 година можете да го погледнете тука.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП