ПочетнаАВТОБИЗ„Hyundai“ го освежи „i10“ (ФОТО)

„Hyundai“ го освежи „i10“ (ФОТО)

Најмалиот модел на „Hyundai“ сега изгледа попривлечно.

Редизајнот на моделот „i10“ вклучува обновена верзија „N Line“, нови комбинации на бои и мали промени во дизајнот.

Еден од новитетите во кабината е еден вид амбиентално осветлување, сино светло сместено под контролната табла.

Нови се и навлаките на седиштата, додека во стандардна опрема доаѓа 4,2-инчен LCD екран.

Опционалниот мултимедијален систем со екран од 8 инчи сега е збогатен со некои нови функции, вклучително и „OTA“ (Over The Air) ажурирања за навигација. Нови се и USB-C конекторите на предната и задната страна.

Нивото на опрема „N Line“ носи спортски потпис. Однадвор, ова вклучува нови браници, различни дневни светла и 16-инчни алуминиумски тркала.

Производителот исто така истакнува дека безбедносната опрема сега е нешто побогата.

Палетата на мотори остана иста и вклучува 1.0 и 1.2 бензински мотори.

Производството на ажурираниот модел започнува во април во погоните во Турција, а првите примероци во салоните пристигнуваат во втората половина на годината.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП