25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар во Минск го отвора 2.коло од ракометната Лига на шампиони

Вардар во Минск го отвора 2.коло од ракометната Лига на шампиони

r

Македонскиот ракометен шампион Вардар денеска во Минск против Динамо ќе го отвори 2.коло од Лигата на шампионите.

„Црвено-црните“ по нерешениот резултат со Барселона во саботата во Скопје денеска имаат нов предизвик. Во борба со еден од директните конкуренти за влез во ТОП 16 фазата вардарци ќе мора да ја повторат добрата игра за да го потврдат резултатот со Барселона.

Тренерот Зоран Кастратовиќ за Белорусија поведе 18 играчи. На оние 16 кои играа против Барселона ги додаде двајцата кои од Металург летово пристапија во Вардар, голманот Петар Ангелов и Мите Стоилов.

Дуелот Динамо Минск – Вардар почнува во 18 часот.

Од Ц групата вториот наш претставник Металург в сабота ја пречекува екипата на ПСЖ, истиот ден се игра и дуелот Барселона – Вакер.

Вечерваод 19 часот се игра уште еден дуел од 2.коло во ЛШ. Во Д групата се среќаваат Халмштат и Флензбург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП