28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо јануари Левандовски потпишува за Баерн

Во јануари Левандовски потпишува за Баерн

levandovski

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Роберт Левандовски стави крај на гласините околу тоа, за кој тим ќе игра следната сезона. Полјакот објави дека ќе се приклучи на Баерн веќе следното лето како слободен играч.

25-годишниот напаѓач изрази желба да го напушти тимот од „Сигнал Идуна Парк“ уште ова лето, но шефовите на Борусија се потрудија да го задржат во своите редови.

Покрај се, по победата со 2:0 против Минхен 1860 за Купот на Германија Левандовски призна дека во јануари ќе потпише преддоговор со баварците и ќе пристигне на „Алијанц Арена“ на крајот од сезоната.

„Официјално ќе можам да потпишам во јануари“, изјави играчот пред германските медиуми.

Роберт Левандовски беше купен во 2010-та година од тимот на Лех Познан за износ од 4.5 милиони евра. До овој момент напаѓачот одигра 149 натпревари во дресот на Дортмунд во кои има постигнато 80 погодоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП