ПочетнаИНТЕРЕСНОИлон Маск сака да го преземе Манчестер Јунајтед

Илон Маск сака да го преземе Манчестер Јунајтед

Еден од најбогатите луѓе во светот сака да стане мнозински сопственик на Манчестер Јунајтед, пренесуваат англиските медиуми.

Маск, кој меѓу другото ги поседува Twitter, Tesla, SpaceX и други, е подготвен да го купи клубот од Олд Трафорд.

Како што пренесува англискиот весник Мирор, семејството Глејзер го продава познатиот англиски клуб, а Маск, чие богатство е 190 милијарди долари (Форбс), е исклучително заинтересиран да инвестира во спортот, а Јунајтед се чини дека е атрактивна опција за него.

Меѓу другите кандидати се англискиот бизнисмен Џим Ретклиф и Катар Спорт Инвестментс, конзорциум кој, меѓу другите, има мнозинска сопственост на Пари Сен Жермен. Купувањето на Јунајтед би било дел од нивната планирана глобална фудбалска експанзија.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП