19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБитка за Мангала

Битка за Мангала

mangala

Според последните информаци играчот на Порто би можел да биде ѕвездата на јануарскиот преоден рок. Имено името на Мангала ова лето беше поврзувано со многу европски гиганти, но неговиот сегашен клуб беше бесмилосен и од сите заинтересирани ја бараше откупната клаузула од околу 45 милиони евра.

Него го посакуваше Јунајтед, но на крајот немаше никаква конкретна понуда, но во јануари се очекува одличниот дефанзивец да го напушти клубот.

Имено, Челзи и Монако бараат токму таков играч. Се шпекулира дека Мурињо има во план да го продаде Давид Луис и дека момчето од Конго кој има француски пасош е првата опција. Од друга страна Монако сака да ја засили задната линија, поради тоа што Раниери смета дека тоа е најслабиот дел од тимот.

Мангала има само 22 години, а пред две сезони пристигна во Порто од редовите на Стандард Лиеж.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП