6 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКој тип на вработени можат да му наштетат на вашиот бизнис

Кој тип на вработени можат да му наштетат на вашиот бизнис

Bad Employee

Еве ги трите типа на личности кои може да го забават Вашиот бизнис и примери од тоа како можете да ги приметите на интервју.

1. Нарцис

Еден од најопасните типови личности е нарцисот, вели Роберт Хоган, претседател на фирма која работи со проценување на личности. Многу е лесно да згрешите и да вработите нарцис. Тие се харизматични и имаат голема самодоверба. Но, нарцисот ќе манипулира со останатите вработени, нема да се грижи за обврските и ќе одбие да учи од грешките.  Всушност, тие имаат слични лични карактеристики како психопатите – вели Хоган. Проблемот е што нарцисите поминуваат прекрасно на интервју, но тие не можат да работат со никого, бидејќи се сметаат за најдобри.

Како да ги забележите: Нарцисот е арогантен, па затоа треба да внимавате на неговиот говор на телото за време на интервјуто. Кога ќе го прашате кандидатот за нивното работно искуство со работа во тим, фокусирајте на одговорот кој ќе го даде и критиките кои ќе ги насочи кон другите во тимот. Ова е црвено знаме кое ви кажува дека најверојатно имате нарцис – кандидат.

2. Социјални отпадници

Додека индивидуалното однесување е многу пасивно од она на нарцисот, сепак оваа пасивност ќе ги нервира останатите вработени. Луѓето кои се мрзеливи и кои не сакаат да работат во тимови, можат да имаат исто толку барања од вас колку и нарцисите. Овој тип на личности е навистина проблематичен во малите бизниси каде што сечив учинок се брои. Овие личности оставаат другите да им ја работат работата и имаат пасивно-агресивен став на работното место. Ова однесување ќе креира бес кај оние кои мора да работат повеќе. Ова го убива моралот во компанијата бидејќи навистина е важно луѓето да знаат дека работат еднакво.

Како да ги забележите: Вие мора да го тестирате нивото на енергија на Вашиот кандидат за време на интервјуто. За да дознаете колку енергија имаат луѓето, внимавајте на начинот на кој зборуваат, а не само на тоа што зборуваат. Ховард сугерира дека е добро ако за време на интервјуто му кажете на кандидатот да земе кафе. Ова е одличен начин да видите како тој ќе го прифати ова.

3. Многу емотивен вработен

Додека повеќе луѓе знаат да ги контролираат емоциите за време на интервјуто за работа, тие можеби го чуваат бесот внатре во себе, вели Мигале Мекер, психолог. „Тие може да ве шармираат, дури и ако сте чудовиште што се движи, бидејќи тие знаат како да го контролираат однесувањето“ – вели Мекер. Супер емотивните личности не ги прифаќаат правилата, тие се песимисти и гласни. Овој тип на вработен ја треска вратата и се жали постојано. Другите вработени ќе чувствуваат дека мора да бидат околу него постојано, а неговата негативност ќе се префрли и на останатите.

Како да го забележите: Дури и супер емотивните кандидати за вработени знаат дека не треба да се жалат на интервју. Прашајте ги што не им се допаѓало кај претходниот шеф и најверојано ќе добиете извежбан одговор. Но, ако им побарате да бидат поконкретни во одговорите, ќе ги натерате да ги изнесат вистинските мисли на површина. Гледајте ја нивната реакција. Дали тие поцрвенуваат кога ги предизвикувате? Дали тие ви ги кажуваат научените лекции или се фокускираат само на негативностите?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП