28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛеброн Џејмс стана најдобриот стрелец во историјата на НБА

Леброн Џејмс стана најдобриот стрелец во историјата на НБА

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс денеска стана најдобриот стрелец во историјата на НБА!

Џејмс конечно го оправда својот надимак Кралот и официјално беше крунисан со постигнување на она што претходно се чинеше невозможно – надминувајќи го легендарниот Карим Абдул-Џабар на вечната листа.

Натпреварот помеѓу Лејкерс и Оклахома беше накратко прекинат при резултат 99:104 во чест на Леброн Џејмс, кој во тој момент од средбата постигна 36 поени, бројка потребна за соборување на рекордот. До крајот на мечот додаде уште два поени, а Лејкерси загубија со 130:133.

Играјќи за Милвоки Бакс и Лос Анџелес Лејкерс, Абдул-Џабар постигна вкупно 38.387 поени во својата 20-годишна кариера и 1.560 одиграни натпревари.

Интересно е тоа што и Абдул-Џабар и Џејмс влегоа во историјата на НБА-лигата носејќи го дресот на Лејкерс. Сепак, додека Џабар го постави својот рекорд во култниот Форум, Леброн успеа да го направи тоа во Стејплс центарот, оддалечен 16 километри, или Crypto.com арената, како што официјално се нарекува салата на Лејкерс.

Пред денешниот натпревар против Оклахома Сити Тандер, Џејмс имаше 38.352 поени од 1.409 натпревари за 20 години играње на НБА паркетот во дресот на Кливленд, Мајами и Лејкерс, а му беа потребни 35 поени за израмнување или 36 поени за да го собори рекордот на Абдул-Џабар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП