25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлоп нема да ја предводи Борусија против Марсеј

Клоп нема да ја предводи Борусија против Марсеј

klop

Тренерот на Борусија Дортмунд Јирген Клоп нема да може да ја предводи својата екипа на средбата против Олимпик Марсеј во 2.коло од Лигата на шампионите.

Германскиот стручњак суспензијата од еден натпревар ја доби поради инцидентот на дуелот од 1.коло во елитното натпреварување против Наполи во Неапол.

Клоп на оваа средба бурно реагираше и вербално го навредуваше четвртиот судија по првиот примен гол, сметајќи дека предоцна му се дозволи на одбранбениот играч Суботиќ да се врати во игра по добиената медицинска помош крај аут линијата.

За таквата негова постапка во 29.минута тренерот на Борусија Дортмунд доби црвен картон и казна од УЕФА.

Германскиот претставник го изгуби натпреварот со Наполи со резултат 2:1, а против Олимпик Марсеј ќе игра на 1 октомври во Дортмунд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП