24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ закажа финална пресметка со Циципас на Австралија опен

Ѓоковиќ закажа финална пресметка со Циципас на Австралија опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во финалето на Австралија опен, откако на убедлив начин го совлада Американецот Томи Пол со 3:0 во сетови (7:5, 6:1, 6:2). Во мечот за трофејот тој ќе ги одмери силите со Стефанос Циципас кој беше подобар од Карен Хачанов.

За Ѓоковиќ тоа беше десетта победа во десет полуфиналиња на кои има играно на гренслем турнирот во Мелбурн.

Србинот стартуваше фуриозно, поведе со 5:1 во гемови, но потоа имаше мал пад во играта, па Томи Пол успеа да израмни на 5:5. Сепак, Ѓоковиќ го освои првиот сет со 7:5 во гемови. Со тоа и го го скрши отпорот на ривалот.

Ѓоковиќ го доби вториот сет со 6:1, а во третиот му дозволи два гема на Томи Пол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП