18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈуве ја прекинува соработката со Најк

Јуве ја прекинува соработката со Најк

nike juventus

Раководството на Јувентус одлучи да не го обновува партнерството со американскиот концерн за спортска опрема „Најк“.

Медиумите во Италија пренесуваат дека „бјанконерите“ немаат намера да го продолжат договорот со оваа фирма, кој истекува во 2015-та година. Претставниците на клубот од Торино веќе преговараат со други потенцијални кандидати, кои ќе бидат технички спонзор на тимот во иднина.

Во информациите се вели дека на прво место меѓу варијантите се Германците од „Адидас“. Во Јувентус се убедени дека можат да потпишат спонзорски договор барем за 20 милиони евра годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП