19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаварците и натаму во трка за Суарез

Баварците и натаму во трка за Суарез

suarez12

По откажувањето на Реал Мадрид од трката за потписот на напаѓачот на Ливерпул, Луис Суарез, најголем кандидат за да го доведе во своите редови овој немирен Ургуваец е Баерн Минхен.

Суарез се уште нема одиграно официјален натпревар за Ливерпул оваа сезона. Причината за тоа е казната која ја доби откако го гризна Бранислав Ивановиќ за време на средбата со Челзи.

Тој минатата сезона играше одлично, а успеа да постигне и 23 гола во Премиер лигата.

Уругваецот во текот на летото во неколку наврати сакаше да го напушти Ливерпул се со цел да си ја проба среќата во Лигата на шампионите, сепак накрајот одлучи да остане во клубот и се чини дека не е премногу задоволен од таа одлука.

Ливерпул имаше понуда за него вредна 40 милиони фунти која ја испрати Арсенал, а за неговите услуги беа заинтересирани и Реал Мадрид и Баерн Минхен.

Се верува дека Реал и Арсенал ќе се откажат од доведувањето на овој играч, што значи за неговиот потпис останува заинтересиран само Баерн Минхен.

Сепак, Ливерпул неколкупати ги одбиваше понудите за овој играч, па се верува дека така ќе остане и во зимскиот преоден рок.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП