29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер Јунајтед му нуди нов договор на Рашфорд

Манчестер Јунајтед му нуди нов договор на Рашфорд

Раководството на Манчестер Јунајтед влезе во интензивни преговори со Маркус Рашфорд за нов договор. Клубот е уверен дека ќе успее да го задржи напаѓачот на „Олд Трафорд“ уште долго. За него постои сериозен интерес од Пари Сен Жермен.

Напаѓачот моментно заработува 200.000 фунти неделно, а Манчестер Јунајтед е подготен со новиот договор да ја зголеми на 300.000 фунти седмично.

Маркус Рашфорд оваа сезона игра во одлична форма во дресот на „црвените ѓаволи“. Тој постигна 16 гола во сите натпреварувања, вклучително и осум во Премиерлигата, со голови против Ливерпул, Арсенал и Манчестер Сити.

Манчестер Јунајтед преговара и со шпанскиот голман Давид де Хеа кој исто така би сакал да остане на „Олд Трафорд“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП