19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЅунига пред заминување во Барса?

Ѕунига пред заминување во Барса?

Camilo+Zuniga

Барселона е на чекор од договор со халфот на Наполи Хуан Камило Ѕунига, тврдат медиумите во неговата родна Колумбија.

27-годишниот фудбалер ќе биде слободен агент на крајот на сезоната, бидејќи во оваа фаза не сака да го продолжи договорот со клубот.

„Денес ќе има нова средба на која раководството ќе се обиде да го убеди Ѕунига да потпише нов договор. Ако тој не се согласи, изгледа дека Барселона ќе биде неговата следна дестинација, особено ако Даниел Алвес го напушти тимот од „Ноу Камп““, коментира новинарот Карлос Алем од колумбиското радио „Caracol“.

Сериозен интерес кон играчот манифестира и Јувентус.

„Ѕунига ја преферира Каталонија. Самиот тој и неговото семејство во Колумбија изјавуваа дека неговиот сон е да игра за Барса“, додаде Алемано.

Јужноамериканецот е во Наполи од 2009-та година, а пред тоа тој помина една сезона во Сиена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП