ПочетнаЕКОНОМИЈАПредупредување до банките поради ризиците поврзани со пазарот на криптовалути

Предупредување до банките поради ризиците поврзани со пазарот на криптовалути

Американското финансиско регулаторно тело го издаде првото предупредување до банките поради ризиците поврзани со пазарот на криптовалути, објави денеска „Би-Би-Си“.

Надзорните тела ги советуваа финансиските институции да бидат внимателни поради можни измами и правна несигурност.

Во заедничката изјава, Федералните резерви на САД (FED), Федералната корпорација за осигурување на депозити (FDIC) и Канцеларијата на контролорот на валутата (OCC) соопштија дека внимателно ги следат крипто активностите на банкарските организации.

„Настаните од минатата година се обележани со значителна нестабилност и изложеност на ранливости во секторот на крипто-средствата“, се вели во соопштението.

Регулаторите исто така рекоа дека постои голема можност издавањето или чувањето крипто токени, кои се складирани на јавни, децентрализирани мрежи, „не е во согласност со безбедните банкарски практики“.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП