ПочетнаИНТЕРЕСНОМонако сака да го привлече слободниот Валдес

Монако сака да го привлече слободниот Валдес

valdes

Раководството на Монако пројавува сериозен интерес кон голманот на Барселона, Виктор Валдес. Голманот веќе најави дека нема да го обнови договорот со шпанскиот гигант, кој истекува во летото 2014-та година.

Шефовите на Монако ќе се обидат да го привлечат голманот како слободен агент со профитабилен договор за 4 години. Во понудата ќе биде утврдена плата од 10 милиони евра за година и можните бонуси, кои ќе достигнат и до 20 милиони евра.

Виктор Валдес даде јасно до знаење дека сака да си замине од Барселона. Тој е момче на каталонците и целата досегашна кариера ја помина во шпанскиот гигант.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП