25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед се прости со Роналдо без емоции

Јунајтед се прости со Роналдо без емоции

Манчестер јунајтед го победи Барнли со 2:0 во натпреварот од 3.коло на ЕФЛ Купот. Головите за Јунајтед ги постигнаа Кристијан Ериксен во 27. минута и Маркус Рашфорд во 57. минута од натпреварот, со што фаворизираниот тим избори пласман во четвртфиналето.

Во соопштението за натпреварот, кое навивачите можат да го подигнат пред почетокот на натпреварот, Јунајтед наведе дека Кристијано Роналдо повеќе не е во клубот.

Тоа го направи во неемотивен текст од 81 збор, пишуваат англиските медиуми. Кога Роналдо се врати на „Олд Трафорд“ минатата година, беше пречекан како легенда на клубот која ќе му помогне да ја врати славата, а беше испратен речиси како фуснота откако неговиот договор беше раскинат со заедничка согласност, а му претходеше интервју со Пирс Морган во кое го навредуваше клубот и тренерот на тимот Ерик тен Хаг.

Во текстот пред првиот официјален натпревар на Јунајтед без Роналдо во клубот, само се наведува дека си заминал, колку голови постигнал во два мандата на „Олд Трафорд“, колку натпревари одиграл и што освоил со клубот. Се додава дека на 22. ноември клубот изрази благодарност за неговиот придонес и нему и на неговото семејство му посака се најдобро во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП