19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМожеби Роналдо нема да има можност повторно да ја освои Лигата на...

Можеби Роналдо нема да има можност повторно да ја освои Лигата на шампионите, но сериозно ќе ја наполни банкарската сметка

Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо пристигна во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. Тој заминал на финални преговари со газдите на Ал-Наср, клубот кој му понуди неверојатни услови за потпис на договор.

Роналдо се надеваше дека ќе најде друг голем европски клуб за да ја продолжи кариерата, но нема интерес за него. Неговото име неодамна се поврзуваше со Челси и Спортинг Лисабон, но двата клуба одлучија да не дадат официјална понуда до Португалецот.

Кристијано во Саудиска Арабија нема да има можност повторно да ја освои Лигата на шампионите, што беше негова голема цел, но се очекува сериозно да ја наполни банкарската сметка.

Арапите имаат подготвено бомбастична понуда за напаѓачот со договор на три години и плата од 200 милиони долари по сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП