ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на туристи во октомври

Зголемен бројот на туристи во октомври

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2022 година изнесува 81 848, од кои 34.8 % се домашни туристи, а 65.2 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во октомври 2022 година изнесува 180 003, од кои 41.8 % се од домашните туристи, а 58.2 % од странските туристи.

Во периодот јануари – октомври 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 38.3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.8 %, а кај странските зголемувањето е за 85.7 %.

Во периодот јануари – октомври 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 22.6 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.6 %, а кај странските зголемувањето е за 73.0 %.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП