24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОткриена најголемата измама во Европа поврзана со ДДВ, штета од 2,2 милијарди...

Откриена најголемата измама во Европа поврзана со ДДВ, штета од 2,2 милијарди евра

Европското јавно обвинителство (ЕППО) во вторникот објави дека со спроведување на истовремени истраги, откриле многу сложена шема за измама со ДДВ заснована на продажба на популарни електронски стоки. Посочија дека материјалната штета со ова е повеќе од две милијарди и 200 милиони евра.

Акцијата беше наречена „Адмирал“, во чии рамки беа извршени повеќе од 200 претреси, а во која учествуваа органи на прогонот на 14 земји-членки на Европската унија. Извршена е во Белгија, Кипар, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Литванија, Луксембург, Холандија, Португалија, Романија, Словачка и Шпанија, додека претресите на 12 и 13 октомври во врска со оваа акција веќе беа извршени во Чешка, Унгарија, Италија, Холандија, Словачка и Шведска.

ЕППО соопшти дека се анализираат сите собрани податоци и дека истрагата за организираните криминални групи од оваа шема продолжува. Преземени се и мерки за надоместување на штетата.

Исто така, беше појаснето дека со акцијата „Адмирал“ ЕППО става во центарот на вниманието многу софистицирана криминална индустрија.

„Без ЕППО, за една ваква операција ќе требаше подготовка со години или, поверојатно, никогаш немаше да се случи. Кога станува збор за измама со ДДВ, од национална перспектива, штетите може да се проценат како релативно мали или непостоечки или дури и да останат неоткриени. Но, треба да ја погледнете пошироката слика, а на ЕППО му требаа помалку од 18 месеци од првичниот извештај за криминал до откривањето на целата мрежа на организирани криминални групи, одговорни за неверојатна загуба од 2,2 милијарди евра за даночните обврзници на ЕУ. Верувам дека ова е најголемата европска измама со ДДВ досега“, изјави Лаура Ковеси, европски јавен обвинител.

Таа наведе и дека на ЕППО и биле потребни помалку од 18 месеци од првичната пријава за криминал до разоткривање на целата мрежа на организирани криминални групи кои ја нанеле горенаведената штета од две милијарди и 200 милиони евра.

„Верувам дека ова е најголемата европска измама за ДДВ откриена досега“, рече Ковеси.

Исто така, беше појаснето дека целата оваа приказна започна во април 2021 година во Португалија, кога даночните власти во градот Коимбра истражуваа компанија која продава мобилни телефони, слушалки, таблети и други електронски уреди, сето тоа поради сомневање за измама со ДДВ. Кога ЕППО официјално почна да ги истражува овие сомнителни околности во јуни, самите португалски власти го пријавија овој случај.

Најпрво се чинеше дека фактурирањето и даночните пријави се во ред, но португалските европски делегирани обвинители решија да истражат сè детално. Така, подоцна беа воспоставени врски меѓу осомничената компанија во Португалија и близу 9.000 други правни лица и повеќе од 600 физички лица лоцирани во различни земји.

Суштината на оваа измама се заснова на фактот дека компаниите кои дејствуваат како „чисти добавувачи“ на електронски уреди продавале исти производи преку граница на други компании, без да бараат од нив да плаќаат данок.

Од друга страна, оние компании кои би ги преземале производите би ги продавале онлајн додека клиентите би плаќале данок на нивните пратки.

Тие пари требаше да бидат уплатени во државната каса, но наместо тоа се насочуваа кон офшор сметки, а потоа тие одредени фирми ќе згаснат, па даночниците нема да можат да наплатат данок од државата.

Во целата акција учествуваа европски обвинители, европски делегирани обвинители, аналитичари на ЕППО за финансиски измами и претставници на Европол и националните органи за спроведување на законот.

Последните проценки на Европол за овој вид измами носат околу 50 милијарди евра даночни загуби на земјите-членки на Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП