20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДали фотографијата шах Меси-Роналдо ќе стане најлајкувана објава во историјата на „Инстаграм“?

Дали фотографијата шах Меси-Роналдо ќе стане најлајкувана објава во историјата на „Инстаграм“?

Лионел Меси и Кристијано Роналдо допрва треба да шутнат топка на официјална утакмица во рамки на Светското првенство во Катар, но тие веќе го тресат интернетот, благодарение на фотографијата што ја објавија на своите профили на „Инстаграм“.

Интересно е што не е вклучен фудбалот и наместо тоа, двете фудбалски легенди можат да се видат длабоко концентрирани, како играат шах еден против друг на голем куфер од „Луј Витон“.

Оваа маркетиншката фотографија на модната компанија „Луј Витон“ веќе стана една од најлајкуваните објави на „Инстаграм“, а ја направи познатата фотограферка Ени Либовиц  во рамки на кампањата на модниот бренд.

Двајцата големи ривали на фудбалскиот терен истовремено ја споделија на своите Инстаграм-профили во саботата во 11 часот навечер, и испратија идентична порака.

„Победа е состојба на умот“, гласи пораката под фотографијата која досега собра неверојатни 30 милиони лајкови на „Инстаграм“ и безбројни споделувања на социјалните мрежи.

Роналдо со 499 милиони следачи и Меси со 375 милиони следачи се најследените славни личности на „Инстаграм“.

На профилот на Роналдо, објавата за помалку од 16 часа собра неверојатни 30 милиони лајкови, а на Меси истата фотографија собра нешто повеќе од 23 милиони лајкови.

Иако поминаа помалку од 24 часа, фотографијата веќе е на врвот на најлајкуваните во историјата на „Инстаграм“ и моментално е на четвртото место. Најлајкувано фото и понатаму е познатото јајце со 55,8 милиони лајкови, потоа Роналдо кога најавува дека ќе добие близнаци и последната објава на раперот xxxtentacion пред да биде застрелан во глава.

Меси и Роналдо позираа заедно за реклама на „Луј Витон“, а фотографијата беше објавена еден ден пред почетокот на Светското првенство во Катар.

Истото фото е објавено и на Инстаграм-страницата на „Луј Витон“ и може да се пофали со преку 3 милиони лајкови.

„Со долга традиција на изработка на куфер-сандак за најпосакуваните спортски трофеи во светот, нашата куќа слави двајца од најталентираните фудбалери на денешницата“, напишаа од „Луј Витон“ во нивната објава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП