29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси нема цимер во собата во Катар

Меси нема цимер во собата во Катар

Лионел Меси првпат ќе биде сам во собата на големо натпреварување откако игра за сениорскиот тим на Аргентина. Судејќи по фотографиите, кои излегоа од базата на репрезентацијата, на вратата на Лео е испишано само неговото име, додека негови први соседи во соседната соба се Родриго Де Пол од Атлетико Мадрид и Никлас Отаменди од Бенфика.

Меси повеќе од 10 години беше цимер со Серхио Кун Агуеро, кој минатата сезона поради проблеми со срцето ја заврши кариерата. Поради ова, еден кревет во собата на Лео ќе остане празен.

Поради низа несреќни околности, Агуеро овојпат немаше ниту шанса да се избори за место во тимот, иако многумина на почетокот на квалификацискиот циклус замислуваа дека за двајцата ова ќе биде проштално Светско првенство.

Меси и Агуеро заедно пораснаа низ младинските селекции на Аргентина, беа заедно на теренот и во финалето на Бразил, кое Аргентина го загуби со 1:0.

Учеството на Мундијалот Аргентинците ќе го започнат во групата Ц заедно со Саудиска Арабија, Мексико и Полска, оваа група во осминафиналето ќе вкрсти со Д групата во која се Франција, Австралија, Данска и Тунис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП