25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦрногорките на чекор од полуфинале по фантастичната победа над Романија

Црногорките на чекор од полуфинале по фантастичната победа над Романија

Во фантастичен меч со многу голови, Црна Гора успеа да стигне до 35:34 победа и да се доближи на чекор од полуфиналето на Европското првенство во ракомет.

Тимот на Бојана Поповиќ сега само чудо може да ја спречи од пласман во полуфиналето, во кое можат да бидат пласирани вечерва ако Франција не загуби од Германија.

Итана Грбиќ, големиот талент на црногорскиот женски ракомет, имаше осум гола и 12 асистенции, и постојано беше опасност за голот на Романките, и иако Црна Гора имаше три гола предност (33:30) во самиот финиш на мечот, на крајот им требаше гол од ветеранката Јованка Радичевиќ за важна победа. Со поразот, Романија веќе нема шанси за пласман во полуфиналето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП