29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНовак Ѓоковиќ ќе игра на Австралија опен!

Новак Ѓоковиќ ќе игра на Австралија опен!

Новак Ѓоковиќ ќе може да настапи на Австралија опен, јавуваат локалните медиуми.

„На Новак Ѓоковиќ му е дозволено да игра на Австралија Опен во 2023 година, бидејќи неговата тригодишна забрана за виза за Австралија ќе биде укината“, се вели на Nine News Melbourne мрежата, а повеќе информации ќе бидат објавени во следните вести.

Ѓоковиќ е деветкратен шампион, најуспешен тенисер во историјата на Австралија опен, а сезонава не играше по аферата поради која дури и беше во притвор.

Само три недели по завршувањето на турнирот, Австралија ги укина сите мерки за невакцинираните странци, што првично го спречи Ѓоковиќ да игра.

Австралија опен, првиот Грен слем турнир во сезоната, започнува на 16 јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП