20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСавевски: Направивме премногу грешки, ќе мора подобро против Романија

Савевски: Направивме премногу грешки, ќе мора подобро против Романија

Женската ракометна репрезентација на Македонија запиша голем пораз (15:30) против Холандија во второто коло од Европското првенство. Селекторот Љубомир Савевски вели дека ракометарките направиле огромен број технички грешки.

„Многу грешевме. Се трудевме во одбраната, но во нападот бевме лоши. Имаше шутови од неизградени позиции, без идеја. Очекувавме дека ќе бидеме подобри од мечот со Франција, но испадна полошо. За натпреварот со Романија мора да ги намалиме грешките. Жал ми е за публиката, се надевам дека и на следниот натпревар ќе ни дадат поддршка“, изјави селекторот Савевски.

Македонија в среда ќе игра против Романија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП