23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарките убедливо поразени од Франција

Ракометарките убедливо поразени од Франција

Македонските ракометарки со пораз го отворија Европското првенство. Во арената „Борис Трајковски“, фаворизираната Франција ја победи Македонија со 24:14 (12:5).

Македонските ракометарки, против дефанзивно најмоќната репрезентација во светот, немаа никакви шанси за позитивен резултат. Актуелните вице-шампионки од стратот го наметнаа својот ритам, нашите девојки буквално не може да дојдат до голот на Франција.

Македонија првиот гол го постигна во 16.минута, по 20 минути игра на контото на нашата селекција имаше два гола. Ниту Франција не блескаше во нападот, до 12.минута постигна шест гола, вкупно 12 во првиот дел.

Моника Јанеска со пет гола ја предводеше Македонија.

Во второто коло, во понеделник, Македонија ќе игра против Холандија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП