19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА бара репрезентациите на СП да се држат до фудбалот и да...

ФИФА бара репрезентациите на СП да се држат до фудбалот и да не го критикуваат Катар

Светот одбројува до почетокот на Мундијалот во Катар. Светското првенство во фудбал започнува на 20 ноември, а премиерниот натпревар ќе го одиграат селекцијата на домаќинот и Еквадор.

Ќе учествуваат 32 репрезентации, но во подготовката на првенството ФИФА се фокусира на изјавите и пораките кои репрезентациите или нејзините членови би можеле да ги испратат во етер.

Од добивањето на статусот земја-домаќин, па се до изградбата на стадионите – Катар е полн со контроверзии. Забележано е дека илјадници работници имигранти со живот платиле за изградба на величествените стадиони.

Организаторите, вклучително и ФИФА, стравуваат дека репрезентациите би можеле да и се „спротистават“ на земјата домаќин за време на Светското првенство. Инфантино, пак, не ризикува ништо, веќе е испратено јасно писмо до земјите учеснички.

Сите 32 репрезентации добија писмо, потпишано од Инфантино, претседателот на ФИФА, и од Фатма Самур, генерален секретар на ФИФА. Во писмото е пренесено барање до репрезентациите да се фокусираат само на фудбалот, да уживаат во фудбалскиот фестивал и да не се фокусираат на проблемите што се споменуваат.

„Секој е добредојден, без разлика на потеклото, религијата, полот, сексуалната ориентација или националноста“, стои во извадок од писмото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП