24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата длабоко ја нагризува Германија, граѓаните штедат повеќе од кога било

Инфлацијата длабоко ја нагризува Германија, граѓаните штедат повеќе од кога било

Инфлацијата се повеќе ја нагризува куповната моќ на германските граѓани, сега дури и на оние од средната класа. Ова може да се види во сè попразната кошничка и изборот на производи што луѓето ги ставаат во неа, покажа најновото истражување.

Во една студија на Германското здружение на штедилници (DSGV), 57 отсто од испитаниците изјавиле дека ги намалиле трошоците во претходните 12 месеци. Една година претходно, 42 отсто од нив морале да го направат ова.

„DSVG“ ги објавува резултатите од истражувањето во пресрет на Меѓународниот ден на штедењето на 31-ви октомври.

Стравот од инфлација, кој во септември се искачи на 10 отсто во Германија за прв пат по седумдесет години, сега се вкорени. Околу 90 отсто од испитаниците рекле дека се загрижени за инфлацијата, рече претседателот на „DSVG“, Хелмут Шлевајс.

Според тоа, населението не сака да троши пари: тие се помалку подготвени да купуваат отколку кога било во последните 16 години, а речиси половина, 46 отсто, имаат намера дополнително да ги намалат веќе ограничените расходи. Една година претходно, 26 отсто од испитаниците се подготвувале за тоа.

Истовремено, анкетата на 4.600 граѓани беше спроведена во неколку бранови почнувајќи од летово. Во последниот, октомвриски круг на истражување, 54 отсто од испитаниците изјавиле дека имаат намера дополнително да ја потиснат потрошувачката.

Силната инфлација особено ги погодува оние со пониски примања, бидејќи тие мора да трошат пропорционално поголем дел од својот буџет за само опстанок, храната и греењето растат најбрзо.

Огромни 83 проценти од домаќинствата со нето приход помал од 1.000 евра мораа да почнат да се откажуваат од некои основни животни потреби во последните месеци, а 40 проценти го опишаа тоа откажување како „големо“.

„Загрижени се и оние со подобри примања. Притисокот се зголеми и врз средната економска класа, која досега релативно добро се справуваше со трошоците и не зависеше од владините субвенции“, рече Шлевајс.

Така, сега 58 отсто од домаќинствата со нето приход над 2.500 евра мора, барем во помала мера, да ги ограничат своите трошоци.

Севкупно, две третини од сите испитаници (65 проценти) рекле дека се откажале од нешто што вообичаено го консумираат на дневна основа.

Понатаму, 61 отсто од нив почнале да избираат поевтини алтернативи за вообичаените производи, 54 отсто купуваат помалку работи од претходно, а речиси половина, 49 отсто, помалку го загреваат станот и штедат енергија на друго место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП