28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо по Мундијалот се сели во Лос Анџелес

Роналдо по Мундијалот се сели во Лос Анџелес

Кристијано Роналдо ги брои последните денови во Манчестер јунајтед. Се погласни се најавите дека ќе го напушти „Олд Трафорд“ по завршувањето на Светското првенство.

Роналдо кариерата би можел да ја продолжи во Челси, но американските медиуми тврдат дека тој ќе се пресели во Лос Анџелес. Прашање е само дали ќе ја прифати понудата на ЛА Галакси или на ЛА ФK. Градскиот дуел на овие ривали во САД е познат како „Ел Трафико“.

Во Галакси, игра неговиот поранешен соиграч од Манчестер јунајтед, Хавиер Чичарито Ернандез и екс-фудбалерот на Барселона, Рики Пуиг.

Доколку се одлучи за ЛА ФК, таму би играл со Карлос Вела, поранешниот соиграч од Реал Герет Бејл, ветеранот Џорџо Киелини и Кристијан Тељо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП