23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТој ќе биде првиот фудбалер од милијарда евра

Тој ќе биде првиот фудбалер од милијарда евра

Рафаела Пимента, „наследничката“ на супер-агентот Мино Рајола, и застапничка на мега-ѕвездата на Манчестер сити, Ерлинг Халанд смета дека нејзиниот клиент ќе стане првиот фудбалер вреден милијарда евра.

Тимот на Пеп Гвардиола го доби потписот на Норвежанецот за само 51 милион фунти кои ги исплатија на Борусија Дортмунд и тој врати со 20 гола досега, станувајќи еден од најпопуларните фудбалери на планетата. Пимента смета дека тој ќе ги сруши сите граници кога се работи за фудбалски трансфери.

„Колку вреди? Една милијарда. Тоа го сметам така што ако ја земете предвид неговата фудбалска вредност, неговиот имиџ, неговиот потенцијал за спонзорство… Сигурно е една милијарда. Ако може да се споредува со некого, тогаш на денешниот пазар тоа би бил само Килијан Мбапе. Верувам дека Ерлинг ќе биде првиот фудбалер кој ќе оствари трансфер кој ќе биде блиску до милијарда евра“, вели Пимента за „Скај спортс Италија“.

Халанд имаше договор со Рајола пред неговата смрт во април, а сега е застапуван од бразилската адвокатка Пимента, како и сите други поранешни клиенти на Рајола, како Пол Погба и Златан Ибрахимовиќ. Халанд, пак, има советник во неговиот татко, поранешниот фудбалер Алф-Инге.

Халанд има петгодишен договор со Сити, иако Алф-Ине изјави дека ќе остане во Англија „најмногу три или четири години“, пред да побара други предизвик. Според „Атлетик“ во договорот на Халанд има клаузула за раскин на договорот за 200 милиони евра која се активира од 2024 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП