25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер Јунајтед го отстрани Роналдо од тимот

Манчестер Јунајтед го отстрани Роналдо од тимот

Португалскиот фудбалски репрезентативец Кристијано Роналдо нема да биде во тимот на Манчестер Јунајтед на саботниот натпревар од 13. коло на Премиер лигата против Челзи, соопшти вечерва клубот од „Олд Трафорд“.

Роналдо синоќешниот натпревар од 12. коло на Премиер лигата против Тотенхем (2:0) го испрати од клупата за резервни играчи, а на неколку минути пред крајот на натпреварот своеволно го напушти натпреварот.

„Кристијано нема да биде дел од тимот за натпреварот против Челзи. Остатокот од тимот е фокусиран на подготовките за натпреварот“, соопшти вечерва Манчестер Јунајтед.

Некои британски медиуми објавија дека Роналдо одбил да влезе во игра и затоа порано отишол во соблекувалната. Сепак, оваа информација не е потврдена, а „Атлетико“ наведува дека на португалскиот фудбалер нема да му биде дозволено да тренира со тимот.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг избегна директен одговор на прашањето дали му дозволил на Роналдо предвреме да оди во соблекувалната.

Ова не е прв пат оваа сезона португалскиот фудбалер да ја напушти играта на англискиот клуб пред крајот. Тој го направи истото на полувремето од пријателскиот натпревар против Рајо Ваљекано, откако беше заменет.

Роналдо оваа сезона одигра 12 натпревари за Манчестер Јунајтед и постигна два гола.

Евра: Мораме да престанеме да зборуваме за Роналдо секој ден

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра застана во одбрана на португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо, пренесуваат британските медиуми.

Синоќа Јунајтед на домашен терен го победи Тотенхем со 2:0 во натпреварот од 12. коло на Премиер лигата. Роналдо не играше, но натпреварот го следеше од клупата за резерви. Португалецот во 89. минута стана од клупата и го напушти теренот.

“Ерик тен Хаг по натпреварот против Манчестер Сити рече дека не го внел Роналдо на крајот од натпреварот затоа што го почитува. Меѓутоа, ако навистина го почитувал, дефинитивно би го користел на секој натпревар. Не дека јас” го штитам Роналдо, но можеби тој му рекол на Тен Хаг: „Одам во соблекувалната“, рече Евра, кој своевремено играше во Манчестер Јунајтед со Роналдо.

“Направена е приказна од видеото на кое тој оди. Можеби му рекол на Тен Хаг дека мора да замине порано на лекување. Сакам повеќе да се фокусирам на резултатите на Јунајтед. Мораме да престанеме да зборуваме за Кристијано секој ден”, изјави Евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП