ПочетнаИНТЕРЕСНО29 години од првиот меч на фудбалската репрезентација на Македонија

29 години од првиот меч на фудбалската репрезентација на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација на денешен ден пред 29 години го одигра историскиот прв натпревар и оствари победа против Словенија (1:4).

Првиот гол за нашиот репрезентативен тим го постигна Зоран Бошковски уште во 5. минута од овој натпревар. До крајот на убедливата победа се надоврзаа уште и Најдоски, Панчев и Јаневски од пенал.

Македонија настапи со следниот состав: Мицевски, Грозданов, Јовановски, Марковски, Канатларовски, Најдоски, Јаневски, Бошковски, Панчев, Бабунски, Мицевски.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП