20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНова радикална одлука на Данска за Светското првенство во Катар

Нова радикална одлука на Данска за Светското првенство во Катар

Данската фудбалска федерација им забрани на фудбалерите да ги носат своите сопруги и девојки на Светското првенство во Катар. Иако е вообичаено фудбалерите да ги носат своите поубави половини и семејства на големите турнири, тоа нема да биде случај за Данците на Светското првенство во Катар.

Претходно, Данците решија да играат во дресовите од „тажната боја“ во знак на протест против катарските власти, а сега донесоа уште една радикална одлука.

Данската федерација одлучи играчите да не можат да ги носат своите сопруги во Катар за да не трошат пари и да ги оставаат во таа земја.

„Не сакаме ништо да заработат од нас. Фудбалерите ги носеа своите сопруги и девојки на претходните турнири, а сега донесовме одлука дека нема да патуваат. Некои од нив веќе резервираа летови и хотели, но ние ги откажавме“, велат од федерацијата на Данска.

Мундијалот во Катар почнува на 20 ноември. Данците се во група со Франција, Австралија и со Тунис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП