29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗаврши кариерата на еден од најголемите во историјата на тенисот! Федерер оди...

Заврши кариерата на еден од најголемите во историјата на тенисот! Федерер оди во пензија

Швајцарскиот тенисер и еден од најголемите играчи во историјата на спортот ја завршува кариерата!

Роџер Федерер заминува во пензија и до крајот на кариерата ќе одигра само уште еден турнир! Изложбата „Лејвер куп“ на која денеска ќе се соберат дел од најдобрите тенисери ќе биде последен турнир во професионалната кариера на Роџер Федерер.

Тоа значи дека од следната недела легендарниот швајцарски тенисер ќе биде во пензија. Оваа вест ги изненади спортските фанови бидејќи Роџер со месеци се подготвуваше да се врати на теренот, но беше јасно дека неговото тело не може да ги издржи напорите. Сакаше уште неколку пати да учествува на најголемите светски турнири и да се обиде да дојде до голем трофеј, но повредите на коленото беа немилосрдни.

Своевремено најдобриот светски тенисер заминува во пензија по две децении кариера, 20 грен слем титули и уште неколку рекорди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП