Николче Шаркоски е нов фудбалер на Работнички. Тој како слободен агент, по 18 месеци се врати во редовите на „роматичарите“. Во изминатиот период играше за Академија Пандев.
Шаркоски потпиша едногодишен договор. Претходно, Шаркоски играше за Работнички три и пол сезони, од 2018 до 2021 година.
„Среќен сум што се враќам во редовите на Работнички. Ова за мене е добро позната средина, верувам дека брзо ќе се вклопам и дека ќе му помогнам на тимот да ги реализира клупските цели“, вели Шаркоски.
Работнички денеска го игра мечот од 1/16-финалето во Купот на Македонија против БВК Коњари.