19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАјакс и Спортинг Лисабон со убедливи победи во ЛШ

Ајакс и Спортинг Лисабон со убедливи победи во ЛШ

Холандскиот првак Ајакс го декласира Глазгов Ренџерс на „Јохан Кројф арена“ со 4:0 и на фантастичен начин го отвори новото издание во Лигата на шампионите. Едсон Алварез го постигна првиот гол, Стивен Берхуијс зголеми на 2:0, а до крајот на првиот дел погоди и Мохамед Кудус.

Во второто полувреме и Стивен Бергвајн се запиша во листата на стрелците за конечни 4:0.

Победникот на Лига Европа, тимот на Ајнтрахт Франкфурт доживеа дебакл на домашен терен. Германскиот тим загуби од Спортинг Лисабон со 0:3. Маркус Едвардс во 65.минута најави триумф за гостите, Тринкао две минути подоцна се надоврза со втор гол, а Нуно Сантош во 82.минута ја потврди победата.



НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП