20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНадал и Алкараз фуриозно во Њујорк

Надал и Алкараз фуриозно во Њујорк

Светскиот рекет број 3, 19-годишниот Карлос Алкараз со 6:3/6:3/6:3 го „збриша“ Американецот Џенсон Бруксби во третото коло на САД опен, додека неговиот далеку попознат и пославен сонародник, Рафаел Надал, со 6:0/6:1/7:5 беше подобар од уште еден ветеран, Французинот Ришар Гаске, за лесен пласман во четвртото коло.

Алкараз, кој лани стана најмладиот тенисер кој се пласирал во четврт-финалето на Флешинг Медоуз, губеше со 3:0 во третиот сет, пред да освои шест гема во низа против Бруксби.

„Играв навистина многу добро. Знаев дека Џенсон е опасен противник и среќен сум со мојата игра досега“, вели Алкараз, кој ќе игра со Марин Чилиќ или Ден Еванс во четвртото коло.

Четирикратниот шампион од Њујорк, Надал сега има неверојатни 34 освоени сета во низа против Гаске и сега ќе игра против Американецот Френсис Тиафоу, против кого има 2-0 скор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП