ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТБајден испраќа нова воена помош за Украина вредна три милијарди долари

Бајден испраќа нова воена помош за Украина вредна три милијарди долари

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска најави дека Вашингтон ќе испрати нова воена помош за Украина во износ од речиси три милијарди долари, што ќе и овозможи на таа земја да се бори „во годините што доаѓаат“.

Во изјавата, Бајден изјави дека помошта од 2,98 милијарди долари ќе и овозможи на Украина да купи системи за противвоздушна одбрана, артилериски системи и муниција, беспилотни летала и друга опрема „за да може да се брани долгорочно“, пренесува АП.

На 2 февруари Вашингтон додели 10 милијарди и 600 милиони долари воена помош за Киев.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП