25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦифри од кои се врти во глава! Приходите во европскиот фудбал минатата...

Цифри од кои се врти во глава! Приходите во европскиот фудбал минатата сезона 27,6 милијарди

Приходите на европскиот фудбалски пазар во сезоната 2020/2021 се зголемени за 10 отсто и изнесуваат 27,6 милијарди евра и покрај речиси целосното отсуство на навивачите од стадионите, се вели во извештајот за финансиите во фудбалот на Секторот за спортски бизнис анализи на ревизорска компанија Делоит.

Приходите во сезоната 2019/2020 изнесуваат 25,2 милијарди евра.

„Силното закрепнување во однос на приходите на европскиот пазар, кои во сезоната 2019/2020 беа пониски за прв пат по повеќе од една деценија поради влијанието на пандемијата „Ковид-19“, беше поттикнато од задоцнетите приходи од емитување и успех на Европското првенство кое се одржа минатата година“, се наведува во соопштението.

Приходите во петте големи европски лиги, кои имаат 57 отсто удел на фудбалскиот пазар, се зголемени за три отсто и изнесуваат 15,6 милијарди евра.

„Приходите на клубовите од Премиер лигата се зголемија за осум отсто на 5,5 милијарди евра во 2020/2021 година. Бундеслигата објави пад на приходите од шест отсто на три милијарди евра. Приходите во шпанската Ла Лига исто така се намалија за шест отсто на 2,9 милијарди евра. Клубовите во Италијанската Серија А оствари највисок процентуален пораст на вкупните приходи од сите „големи пет“ лиги во сезоната 2020/2021 година, кој изнесуваше 23 проценти, односно 2,5 милијарди евра. Приходите на клубовите од француската Лига 1 се зголемија за само еден процент во текот на сезоната 2020/2021 до 1,6 милијарди евра“, се додава во соопштението на Делоит.

Премиер лигата беше единствената од големата петорка која објави подобрена вкупна оперативна добивка за годината, која кумулативно се зголеми од 55 милиони евра на 541 милиони евра.

Без Премиер лигата, „големата петорка“ пријави зголемување на вкупните оперативни загуби за годината, од 461 милион евра на 901 милион евра.

„Клубовите низ Европа одиграа значителен дел од натпреварите зад затворени врати или со намален капацитет минатата сезона, што доведе до речиси целосно губење на приходите од натпреварите. Тоа е доказ за издржливоста на индустријата, вредноста заснована на зделките за пренос и успехот на ЕУРО 2020 дека европскиот фудбалски пазар постигна стабилен раст во однос на приходите во текот на минатата година“, рече меѓу другото Тим Бриџ, водечки партнер во секторот за спортски бизнис анализи во Делоит.

Извештајот на Делоит го истакнува бумот на инвестициите во европските „големи пет“ лиги, бидејќи клубовите бараа и привлекоа инвестиции од највисоко ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП