29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПецаков: Несериозно е Федерацијата да се остави со блокирана сметка

Пецаков: Несериозно е Федерацијата да се остави со блокирана сметка

По објавувањето на информацијата дека нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон, кој е под покровителство на Претседателот на Македонија, градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, истакна дека срамната одлуката за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон.

„Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки. Несериозно е да се остави Националната пливачка федерација со блокирана сметка поради лошо финансиско работење и со тоа неможност да се задржи брендот во маратонското пливање. Жалам за љубителите на водени спортови и гостите што се дојдени на одмор на охридското крајбрежје што Охрид нема да има можност да ги пречека најдобрите светски пливачи кои нема да ја почувствуваат магијата на водата во македонскиот езерски бисер. Апелирам да престане уништувањето на националните симболи и манифестации по кои е препознатлива Македонија“ ја пренесува „Ohridnews.com“, изјавата на охридскиот градоначалник.

Во текот на вчерашниот ден беше соопштено од страна на претседателот на Националната пливачка федерација дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата.

Тој образложи дека причините поради кои е донесена одлуката се поврзани со блокираната сметка на Федерацијата и финансиското работење на претходното раководство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП