25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПочина НБА легендата Бил Расел!

Почина НБА легендата Бил Расел!

Бил Расел, еден од најголемите кошаркари во историјата, почина на 88-годишна возраст. Петкратниот МВП на НБА лигата и 11-кратен НБА шампион беше центар во Бостон селтикс од 1956 до 1969 година, создавајќи ја првата НБА династија која освои 11 титули во 13 години.

Расел и Хенри Ричардс од НХЛ лигата се израмнети со бројот на шампионати во северноамериканските професионални лиги. Тој исто така освои две НЦАА титули со Сан Франциско донс, и ги предводеше САД до олимписко злато во 1956 година.

Иако Расел никогаш немаше поголем просек од 19 поени по натпревар, тој е сметан за еден од најдобрите кошаркари во историјта, посебно поради својата игра во одбраната. Со височина од 2.08 метри и дофат на рацете од 2.24 метри, тој четири пати беше најдобр скокч во НБА,а имаше и 12 сезони со над 1.000 скока.

Расел беше исто така првиот Афроамериканец кој доби статус на суперѕвезда во НБА, во втората генерација на црни играчи по Ерл Лојд, Чак Купер и Свитвотер Клифтон. Од 1966 до 1969 гоина тој беше и тренер на Селтикс, станувајќи првиот црн тренер во професионалниот спорт во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП