ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАКоњаниците од Аеродром денеска тргнуваат за Крушево

Коњаниците од Аеродром денеска тргнуваат за Крушево

Во пресрет на големиот национален празник Илинден, од паркот „Јане Сандански“ во Општина Аеродром денеска тргнува 44-от традиционален коњички марш до Крушево.

Стартот на маршот е во 17:30 часот, кога градоначалникот Тимчо Муцунски ќе им го предаде општинското знаме на коњаниците, кои преку црквата Св. Петар и Павле во Горно Лисиче ќе го почнат својот долг пат до славното Крушево.

Општина Аеродром како главен покровител на овој настан и најголем финансиски поддржувач, ќе продолжи да ја негува оваа традиција и во наредните години, која е од огромно значење за Аеродром и Република Македонија.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП