25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЖан Тод: „Шумахер не ми недостига, го гледам цело време и заедно...

Жан Тод: „Шумахер не ми недостига, го гледам цело време и заедно ги гледаме трките“

Поранешниот шеф на Ферари Жан Тод изјави дека заедно со седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер на телевизија ги следи трките во шампионатот во Формула 1.

Тод одговараше на тврдењата на поранешниот агент на Шумахер, Вили Вебер, кој го обвини семејството на легендарниот Ф1 возач дека не ја кажува вистината за неговата моментална состојба.

“Не ми недостига Михаел, го гледам постојано. Вистина е дека заедно ги гледаме трките. Сепак, ми недостигаат работите што ги правевме заедно”, jа пренесува изјавата на Тод, пренесува германски “РТЛ”.

На 29. декември 2013 година Шумахер (53) се здоби со сериозна повреда на главата додека скијаше во Франција. Веднаш бил префрлен во болница во Гренобл каде итно беше опериран, а потоа помина шест месеци во кома.

Неговото опоравување потоа продолжи во Лозана, пред да биде префрлен на домашно лекување во Гланд, Швајцарија, во септември 2014 година.

Вистински информации за неговата состојба, бидејќи неговото семејство ретко се огласува.

Шумахер беше седумкратен шампион во Ф1, во кариерата забележа 91 победа. Возеше за тимовите на Џордан, Бенетон, Ферари и Мерцедес.

Тој ја возеше својата последна трка во Ф1 во ноември 2012 година за Големата награда на Бразил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП