ПочетнаЕКОНОМИЈАЕтерот нагло порасна, останатите криптовалути го следат

Етерот нагло порасна, останатите криптовалути го следат

Криптовалутите забележаа висок раст минатата недела, особено етерот, кој надмина 1.500 долари откако беше под 1.000 долари во јуни.

Втората по големина криптовалута сега е навистина на прагот на таканареченото спојување (The Merge), кое неколку пати беше одложувано.

Надградбата на мрежата првенствено ќе донесе енергетски поефикасен начин на потврдување на трансакциите и премин од доказ за работа во доказ за сопственост (proof of stake).

Во финансискиот фонд Grayscale, и покрај закрепнувањето кое е забележливо во последните неколку недели, предупредуваат дека „криптозимата“ ќе трае следните 250 дена, во однос на претходните циклуси. Како главни причини за големите падови што го погодија крипто-пазарот оваа година, го наведуваат тргувањето со маргини и агонијата на стејблкоинот TerraUSD.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП