20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТен Хаг: Роналдо ќе остане во Манчестер јунајтед

Тен Хаг: Роналдо ќе остане во Манчестер јунајтед

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, повторно демантираше дека Кристијано Роналдо ќе го напушти клубот од „Олд Трафорд“. Роналдо не се појави на почетокот на клупските подготовки за следната сезона, наводно поради семејни причини не отпатува со Манчестер јунајтед на турнеја низ Азија и Австралија.

Португалскиот фудбалер наводно сака да го напушти англискиот клуб кој следната сезона нема да игра во Лигата на шампионите. Тој е незадоволен од трансфер-политиката на клубот, но сè уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата.

„Роналдо има договор до 2023 година со можност за продолжување на уште една сезона. Тоа значи дека би можел да остане во нашиот клуб и по следната сезона. Тој не е на продажба. Тој се наоѓа во моите планови и со нетрпение ја очекувам нашата соработка. Мислам дека е способен да игра пресинг. Тој во својата кариера покажа дека може да направи сè. Поставив некои барања за мојот стил на игра, на кои сакам да се надоврзам во иднина. Врвен играч може да придонесе, а Роналдо е тоа“, изјави Тен Хаг во Австралија каде тимот се подготвува за следната сезона.

Холандскиот стручњак изјави дека е подготвен да ја прилагоди играта на португалскиот фудбалер.

„Фудбалерите диктираат како да играте. Фудбалерите кои постигнуваат голови се важни за секој тим. Остатокот од тимот е изграден околу нив. Мора да победите од самиот почеток. Не гледам далеку во иднината. Имам стратегија, а тоа е процес кој бара време. Мораме да почнеме да се обидуваме да играме како победници“, истакна Тен Хаг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП