ПочетнаИНТЕРЕСНОЗа Чековски заврши ЕП во Словенија

За Чековски заврши ЕП во Словенија

ceko

Ѓорѓи Чековски нема да може да им помогне на своите колеги од репрезентацијата на Македонија во продолжението на Европскиот кошаркарски шампипонат во Словенија. Македонскиот крилен центар на синоќешниот натпревар против Литванија се здоби со повреда на задната ложа на десната нога, а по направените лекарски прегледи, констатирано е кинење на мускулот.

Ова е дополнителен проблем за селекторот Алеш Пипан и репрезентацијата на Македонија имајќи ги предвид двата пораза на стартот, како и улогата на Чековски во националниот тим, односно неговиот придонес во дуелите под обрачите.

На располагање на Пипан од играчите под кошевите му остануваат уште Предраг Самарџиски, Перо Антиќ и ветеранот Тодор Гечевски за кој се претпоставува дека ќе добие зголемена минутажа по новонастаната ситуација со Чековски.

Вечерва Македонија во рамките од 3.коло на групата Б во Јесенице за противник ќе ја има репрезентацијата на Србија. Натпреварот започнува во 21 часот.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП