29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на „Wells Fargo“ речиси се преполови во кварталот

Профитот на „Wells Fargo“ речиси се преполови во кварталот

„Wells Fargo & Co“ објави поголем од очекуваниот пад на кварталната добивка од 48% во петокот, бидејќи банката издвои повеќе готовина за покривање на потенцијалните загуби на заеми, а нејзиниот бизнис со хипотеки беше под притисок од повисоките каматни стапки, пренесува „Reuters“.

Компанијата ги зголеми резервите за загуба на заеми, издвојувајќи уште 580 милиони долари во вториот квартал. Една година претходно, банката ослободи 1,26 милијарди долари резерви бидејќи агресивните монетарни мерки го ублажија ударот на пандемијата и ја поддржаа економијата.

Минатиот квартал, ослободувањето на резервите и помогна на банката да го компензира падот на бизнисот со хипотекарни заеми. Овој квартал, сепак, зголемените каматни стапки дополнително ја погодија побарувачката за хипотека, при што станбените кредити се намалени за 53% на годишно ниво.

„Очекуваме кредитните загуби да се зголемат од овие екстремно ниски нивоа, но допрва треба да видиме значително влошување на нашето потрошувачко или комерцијално портфолио“, рече извршниот директор Чарли Шарф во изјавата.

Акциите на „Wells Fargo“ паднаа за 3% во претпазарното тргување.

Четвртата по големина американска банка е на удар на регулаторите од 2016-та година поради пропусти во управувањето и надзорот поврзани со серија продажни и други скандали.

Банката пстанува под лимитот на средства од 1,95 трилиони долари на Федералните резерви, кој го ограничи растот на заемите и депозитите што му се потребни на „Wells Fargo“ за да ги зголеми приходите од камати и да ги покрие расходите.

Заемодавачот објави добивка од 3,1 милијарди долари, или 74 центи по акција, за кварталот кој заврши на 30-ти јуни, што е зголемување од 6 милијарди долари или 1,38 долари по акција, една година порано.

Аналитичарите во просек очекуваа заработка од 80 центи по акција, според проценките на „Refinitiv“.

Кредитите се зголемија на 926,6 милијарди долари од 854,7 милијарди долари пред една година. Сепак, добивката од хипотекарното кредитирање е намалена за 53% на годишна основа.

Некаматните трошоци исто така паднаа на 12,9 милијарди долари од 13,3 милијарди долари во истиот квартал од 2021-ва година.

Влегувајќи во својата трета година како главен извршен директор на банката, Шарф се обидува да го направи она што неговите двајца претходници не успеаја – да го насочи кредиторот во вистинската насока откако потроши милијарди долари на судски спорови и трошоци за наплата.

Планот за реструктуирање на банката се потпира на намалување на трошоците за 10 милијарди долари годишно, намалување на нејзиниот огромен бизнис со хипотеки и зајакнување на инвестициското банкарство, кое Шарф го идентификуваше како можност од 1 милијарда долари.

Вкупните приходи на „Wells Fargo“ паднаа на 17,03 милијарди долари од 20,3 милијарди долари пред една година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП