28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСветско првенство во Катар: или вакцина или пет дена во самоизолација

Светско првенство во Катар: или вакцина или пет дена во самоизолација

Организаторите на Светското првенство во фудбал потврдија дека сите странци што доаѓаат во Катар, вклучително и фудбалерите што не се вакцинирани, ќе мора да поминат пет дена во самоизолација.

Фудбалерите и членовите на делегациите, како и новинарите и навивачите, кои ќе дојдат во Катар на Светското првенство, ќе треба да покажат доказ за вакцинација против коронавирусот. Во спротивно, ќе мора да поминат пет дена во хотел во самоизолација.

На Светското првенство во Катар ќе учествуваат 32 репрезентации.

Светското првенство ќе почне на 21 ноември, а финалето ќе се игра на 18 декември 2022 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП