20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏа Морент: Во „1 на 1“ би го победил Џордан

Џа Морент: Во „1 на 1“ би го победил Џордан

Кошаркарот на Мемфис Гризлис, Џа Морант, имаше фантастична сезона во која го предводеше тимот на Тенеси до второто место во Западната конференција. Во плејофот, Гризлис беа елиминирани во полуфиналето од Голден стејт Вориорс.

Очекувано, 22-годишникот пука од самодоверба. Во интервју за „Bleacher Report“ истакна дека жали што не играл во ерата на Мајкл Џордан.

„Посакувам да можев да играм во нивната генерација. Ми се допаѓа начинот на кој Мајкл ја разбира играта, состојбата на умот што ја имаше… Посакувам да имав можност да играм против него. Би го „зготвил“. Никој нема поголема самодоверба од мене. Никогаш нема да кажам дека некој би ме победил во натпревар еден на еден“, изјави Џа Морент.

Морент минатата сезона беше учесник на Ол-стар натпреварот, беше избран во втората најдобра петорка во лигата и ја доби наградата за играч што најмногу напредувал. Тој е во НБА од 2019 година, кога Гризлис го избраа како втор пик на драфтот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП