25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕП Кошарка: Одбиена жалбата на Македонија

ЕП Кошарка: Одбиена жалбата на Македонија

evrobasket1

Жалбата која ја поднесе Македонија за вчерашниот натпревар против Црна Гора е одбиена од страна на Техничкиот комитет на Европското првенство во кошарка.

Како образложение било наведено дека според правилата на ФИБА Европа, конечниот резултат на еден натпревар не може да се промени со прегледување на снимка од истиот натпревар.

Да се потсетиме, Македонија имаше напад за победа, Мекејлеб промаши, но додека топката отскокнуваше од обрачот, Чековски се обиде да ја уфрли во кошот, а Милко Бјелица ја повлече мрежичката.

mak2222

Според правилата, доколку играчот кој е во одбрана ја повлече мрежичката, кошот треба да биде признаен, но донесената одлука на вчерашниот натпревар не беше согласно правилата и ја оштети нашата репрезентација, со тоа, вчерашната судиска одлука е погласена за валидна и натпреварот официјално е регистриран со победа на Црна Гора од 81-80.

Македонските кошаркари вечерва во 21 часот ќе се борат за првата победа на Евробаскетот во Словенија против селекцијата на Литванија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП